ОСНОВНИТЕ, НЕОПХОДНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ: WHEY ПРОТЕИН, МУЛТИВИТАМИНИ, ОМЕГА 3
Овие 3 суплементи се основата, независно која е вашата цел. Можеби се двоумите за whey протеинот затоа што генерално потребите за протеин во текот на денот се конзумираат преку храната, што до некаде е логички (освен за оние кои не можат доволно да конзумираат протеин преку храната, тогаш е неопходно), но бидете сигурни дека не можете да внесете доволно витамини и минерали преку храната, онолку колку што ви се потребни вам како индивидуа која е физички активна и тренира интензивно.
Хардкор препорачува COMBAT 100% WHEY PROTEIN, 100% VITAMINS & MINERALS | 60 caps , OMEGA 3-6-9 | 60 caps
СИЛА И МУСКУЛНА МАСА: КРЕАТИН, ГЛУТАМИН, BCAA
Истражувањата константно ни докажуваат дека горе наведените амино киселини се користени од страна на професионалните спортисти со години со цел да го подобрат опоравокот од тренингот, силата и мускулната маса.
Креатинот функционира на тој начин што ги зголемува фосфокреатинските резерви во мускулите, овозможувајќи подобра регенерација на ATP во мускулите, изворот на енергија на телото.
BCAA (Леуцин, изолеуцин, валин) се есенцијални амино киселини за телото да може да изведува протеинска синтеза.
Глутаминот содржи дури 60% од амино киселините потребни за раст на скелетните мускули.
Хардкор препорачува: 100% Pure L-Glutamine, CREATINE 100%, Extreme Instant BCAA
АТЛЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ: БЕТА АЛАНИН, КОФЕИН, Б-ВИТАМИНИ
Кога зборуваме за атлетски перформанси, повеќе околности треба да се земат во предвид. Спорт кој се изведува надвор, кој се изведува во затворена просторија, трчање, планинарење, пливање и слично. Вистината е, ако барате поголема издржливост во вашиот спорт, горе наведените суплементи ќе ви го овозможат тоа.
Б витамините зголемуваат производство на енергија и функционираат како неуротрансмитери, со тоа што подобруваат расположение и помагаат за детоксикација на телото кое што е потребно после физичка активност. Додатно, процесот на раст и опоравок на мускулите ги истрошува залихите на Б витамини, така што ако тренирате интензивно, ќе ви бидат потребни додатни Б витамини за да го потпомогнат процесот на опоравок и раст.
Бета Аланинот може да помогне во спортовите каде што се бара мускулна експлозивност, зголемува мускулна анаеробна издржливост и го зголемува капацитетот за тренирање на мускулите за да можете за издржите повеќе.
На крај, кофеинот – најистражуваниот производ во свет, прави “чуда” за оние кои имаат поголема потреба од енергија. Кофеинот е стимуланс на централниот нервен систем и го содржи речиси секој pre-workout суплемент и дефинитивно ќе ве “разбуди” пред вашиот тренинг!
Хардкор препорачува: SPORT DEFINITION PUMPKICK SHOT – 80ML
КОМБИНАЦИЈА ЗА ЧИСТА МУСКУЛНА МАСА
Клучот во овој случај е создавање на анаболичка средина – што би значело оптимален нутритивен и протеински внес и доволно калории за да се овозможи мускулен раст. Креатинот и азотни бустери (N.O.)можат да помогнат во мускулен опоравок и подобар проток на крв. Конзумирањето на мешавина од протеини и јагленохидрати пред тренинг ќе ви помогнат да имате постабилни нивоа на енергија за време на тренингот и ќе го забрза процесот на опоравок по негово завршување. Запомнете – мускулите растат НАДВОР до теретаната.
Хардкор препорачува: CREATINE 100%, Yamamoto ShuraKHAN®
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.