Текстотека

Кога да ги земате вашите суплементи?

Креатинот, глутаминот и протеинот се топ 3 додатоци во бодибилдингот кои најчесто се користат. Но, кое е најдоброто време да се конзумираат?

Креатин

Креатинот најдобро е да се консумира половина час пред тренинг и уште еднаш веднаш после вежбањето. Можете да го мешате со вода или џус од јаболко или портокал.

Оваа техника помага во градењето на мускулите додека тренирате, и спречува пад на силата на вашите мускули за време на вежбањето.

Глутамин

Глутаминот дефинитивно се препорачува да се зема веднаш пред спиење. Тоа е една доза која успешно делува кај сите кои досега го користеле. Истражувањата покажале дека вредноста на глутаминот го поттикнува растењето на нивото на хормони со земање на 5 грама пред спиење.

Исто така, одлично време за земање глутамин е веднаш откако ќе се разбудите, кога вашите мускули се доволно одморени 6-8 саати.

Третата доза можете да ја земате половина час откако ќе завршите со вежбање. Ова помага во процесот на закрепнување на мускулите од напорното вежбање.

Протеини

Најдобро време да се напиете било каков протеински пијалок или додаток е:

  1. Веднаш после тренинг– Вашите мускули ќе бидат како сунѓер и поради тоа им е потребна храна за да се опорават.
  2. Пред спиење– Ќе треба да отспиете 8 часа, што е долг период без да внесете протеин.
  3. Откако ќе се разбудите– Истото, 8 часа сте биле без соодветна храна. На вашето тело му е потребен протеин.
  4. Половина час пред да започнете со тренинг– Во овој случај протеините ќе помогнат во тренингот а мускулите ќе добијат соодветна исхрана, која ќе влијае врз вашите перформанси како подигнување на тежина

 

Ние ви препорачуваме :

https://hardcoreshop.mk/shop/100-whey-100-2275-gr-bag/

https://hardcoreshop.mk/shop/100-pure-l-glutamic-400g/

https://hardcoreshop.mk/shop/creaz-500g-powder/

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.