Текстотека

ИСХРАНА ЗА ДЕФИНИЦИЈА

Ако имате за цел да ја дефинирате мускулната маса и ако ве интересира каква исхрана треба да практикувате за да го постигнете тоа, прво што треба да знаете е дека за дефинирање на вашата мускулна маса задолжени се јаглените хидрати и протеините.

Исхрана

Оброците богати со јаглени хидрати, најмногу треба да се внесуваат за појадок и кога ве очекува зголемена физичка активност, а со самото тоа и трошење на енергија.

Ако во спомнатиот период на денот не му обезбедите на организмот доволно јаглени хидрати, вашиот организам ќе ги троши резервите и нема да дојде до формирање дефинирана мускулна маса, туку ќе дојде до опаѓање на дефиницијата.

Сепак, со внесување на количината на јаглени хидрати не треба да се претерува и не треба да се внесуваат во период на денот кога не сте физички активни, бидејќи во тој случај ќе се претворат во непосакувана масна наслага на вашето тело.

Оброците кои треба да се внесуваат со цел да се обезбеди идеална количина на јаглени хидрати се: житариците, обарениот зеленчук, оризот, свинското месо, месните преработки.

Со јаглените хидрати неопходно е да се внесува доволна количина на протеини, кои при вежбањето и во процесот на дефинирање на мускулната маса директно се претвораат во мускули.

Прoтеините треба да се внесуваат во текот на целиот ден и нив ги има во мешункастиот зеленчук, сојата, црвеното месо, белото месо, јајцата.

Во наброените намирници во зависност од потребите и напредувањето во процесот за дефинирање на мускулната маса, можете да додадете и соодветни протеински додатоци на исхраната.

Со соодветната исхрана и тренинг, за дефинирање на мускулната маса неопходно е да се внесува и соодветна количина на течности, која го овозможува  разградувањето на протеините во организмот и допринесува кон нивното претворање во мускули.

Кон ваквиот режим на исхрана треба упорно да се придржувате во текот на диетата и тренингот за да ја добиете дефиницијата која ја барате.

Суплементи

При процесот на дефиниција потребни ви се одредени суплементи кои ќе ја поддржат вашата цел, тие се:

https://hardcoreshop.mk/shop/acetyl-l-carnitine-1000mg-60-tablets/

https://hardcoreshop.mk/shop/bcaa-high-speed-900gr/

https://hardcoreshop.mk/shop/isolate-100-1800-gr/

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.