Текстотека

Царот на сите хормони – Тестостерон!!!

Тестостеронот е најважен машки хормон, кои во мала мерка го имаат и жените. Машкиот организам лачи многу голема количина на тестостерон, просечно 260-1000 нанограми на децилитар крвна плазма, а жените 15-70 нанограми.

Неговиот биолошки ритам покажува голема вредност во утринските часови, со  најголема вредност меѓу 6 и 8 часот наутро, но со пониска вредност во послепладневните  и вечерните часови. И што поголем тестостерон машкиот организам поседува, тогаш имаме поснажно, мускулно тело.

Недостатокот на хормони може да предизвика сериозни ефекти врз телото, недостаток на енергија, намалување на мускулната маса и сила, депресивно расположение. Максималниот пораст е измеѓу 18 и 35 год. а неговото намалено лачење е после 40 година од животот и нивото опаѓа со 1% годишно.

Во крвта на човекот се наоѓа околу 2% слободен тестостерон кој делува на рецепторите, а останатиот дел е врзан за Албуминот и Глобулинот.

Што делува на лачењето на тестостерон?

Докажано е дека со правилен тренинг со повисок интензитет који активира поголеми мускулни групи , делува на појачано лачење на тестостерон за време и после вежбање дури за 40%. Исто така и кај вежбање со екстремно телесни напори нивото на тестостерон паѓа и за 40%. Измеѓу различните облици на интензивен тренинг најголемо влијание на зголемен слободен тестостерон во крвта покажува бодибилдингот.

Друга причина која делува на лачењето на тестостеронот е стресот. Функционирањето на целиот ендокрин состав под големо дејство е на емоциите и мислите. Психолошкиот и физичкиот стрес предизвикува лачење на хормонот кортикотропина кој го поттикнува зголемувањето на кортизолот.

Поради тоа треба да се избегнат стресни ситуции, размислувајте позитивно, усмерете ги своите мисли на нешто убаво, опуштајте се, спијте 8 саати дневно и на тој начин помогнете си себеси.

Следен фактор исто така можете природно да делувате на лачењето на тестостеронот е со начинот на исхрана.

Треба да се збогати исхраната со големи количества на есенцијални масни киселини.

Извори на масни киселини:

јаткастото овошје, авокадото, рибата. Исто така јајцата, телешкото месо, сирењето, и слична храна богати со есенцијални масни киселини.

Од друга страна избегавајте ги диетите со низок износ на јагленихидрати и висок удел на протеини зошто го смалуваат производството на тестостерон. Внесот на масти би требало да изнесува околу 30%.

Симптоми на недостаток на тестостерон

-Намалено либидо

-Еректилна дисфункција

-Осеќај на депресија

-Хроничен замор

-Зголемување на телесната тежина

-Намалување на мускулната маса

-Пореметување на сонот, напнатост

Еден начин да го спречите нискиот тестостерон е со регулирање на исхраната како што е наведено погоре. Друг начин е користење на суплемент за покачување на тестостеронот.

Ние ви го препорачуваме Tribulon Black од Trec Nutrition кој содржи 95% стероидни сапонини и е одличен за покачување на тестостеронот.

TRIBULON BLACK | 120 caps

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.