Текстотека

Што да јадете пред и после тренинг?

Што треба да се јаде пред тренинг?

Точно пред да тренирате, последното нешто што треба да го јадете е масти. Овие “горива” имаат потреба од подолго време за варење и одземаат највреден кислород и енергија за обезбедување на проток на крв во стомакот, наместо кон мускулите. Овие храни носат поголем ризик од болки во стомакот за време на тренингот. Но ако не ги јадете воопшто, ризикувате бидејќи телото ќе биде под стрес.

Конзумирајте храна околу два часа пред тренинг, со тоа што ќе внесете протеин или помеѓу 300 и 500 калории, кои се состојат главно од јагленихидрати.

Можете да изедите една чаша овесна каша со протеин, полнозрнест житен појадок, пченкарен леб . Пред тренинг можете да конзумирате протеин или овошје како јаболко или една банана.

Ако немате време да јадете два часа пред тренинг, напиете се една доза протеин или каснете една житарка околу 50-100 калории, 5-10 минути пред да почнете да вежбате.

 

Што треба да јадете после тренинг?

Добро е да си дадете пауза од 20-60 минути откако ќе извежбате, но не и повеќе. Храната е потребна за вашето тело, за да ја користи како гориво за обновување на енергијата.

Идеална храна после тренинг е мешавина од јагленихидрати и протеини. Ако имате 70 килограми, можете да јадите околу 300 калории од јагленихидрати и околу 150 од протеини.

Пример порција печено пилешко со кафеав ориз или компири или протеински шејк со банана.

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.