Со намалување на времето за одмор помеѓу сериите, вие автоматски го зголемувате интензитетот на тренингот и нивоата на млечна киселина кои се произведуваат во вашето тело. Колку се повисоки нивоата на млечната киселина во крвта – толку повеќе се ослободува HGH (човечкиот хормон за раст).
Хормонот за раст е анаболичен хормон кој го помага и предизвикува мускулниот раст. Единствениот проблем кој би можел да се појави при високо ниво на млечна киселина е тоа што резултира со поголем замор и мускулни грчеви за време на тренингот. Затоа, се препорачува постепено да го намалувате времето за пауза помеѓу сериите.
Се препорапува да земете тежина која ви овозможува да направите 3 сета од по 10-12 повторувања со 2 минути пауза помеѓу сериите. Ќе ја користите истата тежина, повторувања и серии, недела по недела.
Единственото нешто што ќе го менувате ќе биде времето за пауза помеѓу сериите. Ќе го намалувате времето за пауза помеѓу сериите за 15-20 секунди секоја недела. Ако не можете да направите најмалку 8 повторувања на последниот серија, тогаш не го намалувајте времето за пауза, се додека не успеете да ги завршите сите 3 сета.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.