Губењето на тежина, дури и со со скромни резултати, може да доведе до подобрување на крвниот притисок и нивото на холестерол. Аеробни вежби, позанати уште како кардио вежби, се популарен метод за подобрување на здравјето, токму преку топење на вишокот маснотии.
Ако навистина имате потреба од брзо симнување на неколку килограми, еден од најсигурните начини дека ќе постигнете брзи и добри резултати е преку, повеќе физичка активност со кардио вежби.
Според специјалистите се потребни две сесии на ден од 30 минути.
Американските експерти за спортска медицина посочува дека за брзо губење на тежината се потребни 50 – 60 минути аеробни вежби најмалку пет дена во неделата.
Ако сте почетник во овој вид на активност, започнете со 30 минути секој ден и постепено зголемувајте го времето на тренинзите додека не стигнете до 60 минути. Се препорачува вежбите да се со умерен интензитет, кој ја зголемува срцевата фрекфенција значително, но не да се задишувате.
Предности на тренинг 2 пати дневно:
Ако немате доволно време за аеробни вежби може да ги поделете тренинзите на неколку пократки тренинзи со најмалку 10 минути траење. Најдобра опција е да вежбате двапати дневно – наутро и приквечер по 30 минути. Така Ќе го избегнете заморот и здодевноста на 60 минути кардио тренинг.
Аеробни вежби
Во групата на аеробни вежби влегуваат, велосипедизам, џогирање, танцување, бокс и сите други спортови кои бараат постојано, активно движење. Експертите препорачуваат да се бавите со спорт кој вам ви се допаѓа. Така ќе се зголемат шансите да се придржувате кон рутинската програма од двапати по 30 минути на ден. Добра е тоа што можете да тренирате различни кардио вежби, така што ке има разновидност нема да ви е досадно со една иста активност.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.