Текстотека

Кои се основни вежби?

Нашето тело подобро реагира на комплексни вежби одколку на поединечни, па и како тоа можеме да изолираме само еден мускул кога секогаш се наоѓа по некој спореден кој помага во совладување на отпорот. Доколку имате за цел да ја подобрите издржливоста и да ја зголемите силата, тогаш заборавете на изолираните вежби и земете комплексен тренинг како основен. Силата не е единствената предност на овој тренинг, туку активирањето на хормонот за раст тестостеронот, а тоа и воедно значи забрзување на метаболизмот и согорување на повеќе масни нaслаги.

Мртвото подигање – една од најдобрите вежби за градење на јаки нозе и долен дел на грбот. Дури 75% од мускулната телесна маса е опфатена кога се изведува оваа вежба. Најмногу се чувствува на задната ложа, страничниот дел од нозете, долниот дел од грбот, квадрицепс, стомачни мускули и трапез.

 

Но, како што гледате има и споредни мускули кои се зафатени со изведувањето на вежбата.

Чучњевите исто така добра вежба за изградба на целокупната мускулна маса, во изведувањето на оваа вежба се активираат околу 200 различни мускули, па не е ни чудо како се нашла во комплексен тренинг. Предностите покрај покачување на тестостеронто и мускулната маса се и согорување на огормен број калории што значи намалување на масно ткиво изградба на мускулите на нозете, помога во експлозивноста и го зајакнува целото тело.

Комлпексните вежби исто така се бенч пресот и згибовите.

Бенч потисок – најпопуларната вежба, штом се спомне теретана веднаш следи ” колку креваш на бенч? ”

Како што се заприметува на сликата најопфатени мускули се градните мускули како и мускулите на рацете, но и многу други кои не се наведени.

 

Згибови се дефинитивно најдобрата вежба за дополнително ширење на грбот и зајакнување на бицепсот. На сликата подолу се гледа кои мускули се зафатени со изведување на оваа вежба.

 

На оваа слика згибовите се со широк зафат што не мора да биде така, поголем дел од вежбачите не ги изведуваат згибовите затоа што се и прилично тешка вежба, па ги заменуваат со други алтернативни вежби од кои резултатите се далеку послаби.

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.