Текстотека

Моќта на кивите!

Ова мало зелено овошје кое потекнува од Кина има повеќе витамин C од портокалите и му помага на вашиот организам да остане здрав. Едно киви на ден е сосема доволно за да го зајакнете имунолошкиот систем и да ја подобрите работата на целото тело.

Нутриционистички факти

Во една киви со просечна големина има:

Калории: 42 kcal
Маснотии: 0.4 g
Јагленхидрати: 10.1 g
Протеини: 0.8 g
Влакна: 2.1 g

Големото количество на витамин C го прави ова овошје одлична храна за зајакнување на имунитетот, а воедно и за подобра апсорпција на железото. Корисно е за луѓето кои имаат слаби коски и најразлични ревматски заболувања.Јадењето една киви дневно може да помогне во превенцијата од различни типови на рак и срцеви заболувања.

Бидејќи содржи мал број на калории идеално се вклопува во секој диетален режим. Освен тоа, доста се вкусни, па нема да имате никакви проблеми при неговата консумација. Влакната кои ги има во ова овошје помагаат во регулацијата на шеќерот во крвта, но и во правилната работа на дигестивниот систем.

Шејк од киви за подобра дигестија

Ќе ви бидат потребни:
5 киви
500мл сок од портокал

Излупете ги кивите и ставете ги во блендер. Откако ќе ги направите каша, додадете го сокот од портокал. Овој шејк е одличен за зајакнување на имунитетот и подобрување на дигестијата.



*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист