Што е Л- Орнитин?
Доколку вежбате и се обидувате да „изградите” мускули, сигурно сте се запрашале кои аминокиселини треба уште да ги внесете во вашата исхрана и кои се најважни аминокиселини, а тоа може да биде навистина збунувачки. Доколку само го прочитате профилот на аминокиселината на протеинскиот суплемент на пример, вие веројатно нема да му предадете многу значење на Л-Орнитинот HCL, но доколку ги знаете придобивките од него, сигурно веднаш ќе го посакате.
Л-орнитинот е неесенцијална амино киселина која се произведува во телото преку хидролиза на Л-аргининот. Префиксот “Л” (латински – лево) се однесува на спиралната структура на хемиската структура на молекулата. “Л” амино киселините се наоѓаат во органските ткива, како што се растителните и животинските ткива. Орнитинот е една од неколку амино киселини кои имаат улога во производството на хормонот за раст и се користи за зголемување на мускулната маса, со истовремено намалување на телесните масти.
Дозирање
Пожелно е да се земаат 1-2 капсули на ден пред спиење. Евентуално може да се земе уште една пред тренинг. Секогаш земајте ги на празен стомак со вода! Орнитин можат да се комбинира со 1 грам на Аргинин и 2 грама на глутамин за уште подобри резултати.
https://hardcoreshop.mk/shop/ornitine-130-caps-ironmaxx/
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.