Текстотека

КАКО ДА ГИ ШОКИРАТЕ МУСКУЛИТЕ

Хормоните, како тестостеронот и хормонот за раст, покажаа дека играат голема улога во мускулната хипертрофија и зголемувањето на силата.

Еден од најефективните системи на вежбање во бодибилдингот, за зголемување на мускулната маса е краток одмор помеѓу сериите ( помалку од една минута).

Во 1988 година,  William Kreamer, анаболик гурѕ, претстави една студија која буквално преку ноќ го измени бодибилдонгот. Во таа студија, тој дојде до заклучок дека тежинскиот тренинг, со краток временски период на одмор помеѓу сериите,(помалку од една минута), ја зголемува концентрацијата на ГХ(хормонот за раст) и тестостеронот, за разлика од тежински тренинг каде одморот помеѓу сериите е подолг(околу 3 минути).

Тестирањето е извршено на три различни групи на кои е мерено концентрацијата на тестостеронот и кортизолот.

Првата група е група за зголемување на сила ( 8 серии по 6 повторувања, 3 минути одмор).

Втората група е група на мускулна хипертрофија ( 10 серии по 10 повторувања, 2 минути одмор). И третата група е за постигнување на максимум сила (6 серии по 4 повторувања, 4 минути одмор).

Кај групата на мускулна хипертрофија е забележано зголемување на концентрацијата на тестостеронот и кортизолот. На останатите две групи, ова промена е мала или незначителна.

Од ова се заклучува дека краткиот период на одмор помеѓу сериите доведува до оксидација на мастите, и до поголем метаболичли ефект.

Така да за поефикасно вежбање, за зголемување на концентрацијата на хормоните во оргамизмот, за зголемување на мускулна маса, потребно е повремено да се прават измени во начинот на вежбање, каде ке се намалува времето на одмор помеѓу сериите, на тој начин ке се менува и бројот на повторувања во серија, како и оптеретувањето кое се користи во изведувањето на вежбите.

Суплементи кои ке ви поможат за шокирање на мускулите и кои ќе го однесат вашиот тренинг на сосема друго ниво: 

https://hardcoreshop.mk/shop-5/body-attack-arginine-shock-180-caps/

https://hardcoreshop.mk/shop-5/uns-bcaa-g-powder-600g-orange/