Текстотека

Диетата на Dorian Yates!!!

Дориан: “Обично вежбам наутро па мојот утрински оброк е сочинет од замена за оброк (шејк) кој во себе содржи висок процент на протеини, амино киселини, минерали и мал процент на јаглени хидрати. Овој оброк е 90 минути пред тренинг. Ако вие планирате оброк пред тренинг, не е проблем да тој биде составен од пилешко бело (протеини) ориз или компири (јаглени хидрати) и зелен зеленчук.

Веднаш после тренинг, пијам јагленохидратен пијалок кој го подигнува нивото на инсулинот и кој ми помага во транспортот на аминокиселините и гликогенот во мускулите. Овој оброк е сочинет од 75% прости јаглени хидрати и 25% брзо дигестирачки протеини.

Најголемата грешка која ја прават поголемиот дел на билдерите е конзумирање на големи количини јаглени хидрати пред тренинг со цел да внесат поголемо количество извор на енергија како би ги издржале силните тренинзи. Ова е најголмета грешка која доведува до пад на концентрацијата на чеќерот во крвта и до губење на силата за време на вежбањето.
Ова е мојот план на исхрана, кој е создаден после долги години на мои истражувања

Дневна исхрана на 6 пати Mr. Olympia Dorian Yates:

7-8ч: 100г овес, 10 белки од јајце и една доза протеин

9-10ч: Шејк, замена за оброк

11:00ч: Тренинг

12:00ч: Суплемент со јаглехидрати после тренингот

13:00ч: 2 парчиња пилешки стек, ориз или компири, и салата

15:30ч: Протеин шејк, или шејк за замена на оброк

17:30ч: 350г јунешко месо, ориз или компири, и салата

20-21ч: Мал оброк од 50г овес, 6 белки од јајце и 1/2 доза протеински прашок

* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.