Текстотека

Бодибилдинг и спиење – совети за подобар сон

Ништо не е толку фрустрирачки како што е несоницата, превртување во креветот и илјадници глупави мисли.

За бодибилдерите ситуацијата е уште полоша, да се спие барем  8 часа, а стандардно е  9 часа. Регулирањето на спиењето е многу сериозна работа и бара упорност и доследност.

Телото има внатрешен часовник кој кажува  кога и колку да се спие. Мелатонинот е една мала хемиска молекула произведена од страна на телото која  таа го одредува  тоа.

Совети за подобар сон:

Одете на спиење  само кога сте поспани. Не обидувајте се сосила да заспиете, бидејќи  ќе добиете контра ефект. Не спиете во попладневните часови, тоа само ќе ви направи дополнителен проблем во текот на ноќта, или во најлош случај ако сте премногу уморни, оддремете после ручек но не повеќе од еден час, и не после 15 часoт.

Будете се и одете на спиење во исто време. На овај начин вашето тело ќе знае кога да произведува мелатонин и лесно заспиваме, будејќи се секое утро наспани и одморени.

Не тренирајте  најмалку 3-4 часа пред спиење.

Не јадете пред спиење час  или два, а особено тешко сварлива храна, јадете храна богата со протеини која што телото без многу напор ќе ја апсорбира во мускулното ткиво.

Избегнувајте го кофеинот, алкохолот, чоколадото кои не се прикладни за телото најмалку 2-3 часа пред спиење.

Туширање. Туширањето е релаксирачка активност, и правете го тоа навечер сосема полека и со уживање.

Соба. Многу е важна атмосферата и температурата во  просторијата каде што се спие.

Секој сигурно има рецепт за добар сон, но секогаш запомнете дека ни премалку  ни премногу спиење не е добро.

 

Суплемент за пред спиење:

https://hardcoreshop.mk/shop/fa-performance-zma-90-caps/