Нашето тело може да направи две работи со внесените калории:или да ги потроши или да ги складира. Кога внесуваме храна калориите во таа храна не можат да се уништат или да исчезнат, само можат да ја променат својата форма. Во храната калориите се складирани како хемиска енергија во врските на молекулите.
Кога таа храна ја внесуваме калориите се трансформираат во различни видови на енергија кои нашето тело ги користи на дневна база.Тоа се електрична енергија, топлинска енергија и кинетичка енергија,или пак ако не ја потроши таа енергија тогаш ја скалдира.
Значи според првиот закон на термодинамика ако телото не ја потроши внесената енергија тогаш мора да ја складира. За жал тој ја складира како несакани маснотии а не како мускули.
Калориски правила:
- Ако внесувате повеќе калории отколку што трошите, вашата телесна тежина ќе се зголеми.
- Ако внесувате помалку калории отколку што трошите, вашата телесна тежина ќе се намали.
- Ако внесувате онолку калории колку што трошите, вашата телесна тежина ќе остане непроменета.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.