Што се протеините?
Протеините се важен дел од исхраната и претставуваат комплексно соединение изградено од аминокиселини. Тие содржат 5 калории на еден грам, но организмот предност им дава на јаглените хидрати и мастите како енергетски извори.
Аминокиселините од кои се изградени протеините влегуваат во составот на сите ткива и органи и се неопходни за раст и обнова на истите.
Извори на протеини
Месото и рибата претставуваат најдобар извор на протеини, но нив ги има и во јајцата, млекото и млечните производи, сојата, леќата и мешунките.
Протеините во месото и рибата ги обезбедуваат сите аминокиселини кои му се неопходни на организмот, заради што се нарекуваат комплетни протеини.
Оние протеини, пак, кои се од растително потекло се нарекуваат некомплетни протеини бидејќи не ги содржат сите аминокиселини кои ни се неопходни. Нив не ги содржи ниту една билка, но вегетаријанците можат да ги обезбедат истите хранејќи се со разновиден зеленчук и житарки.
Експертите тврдат дека дневната потреба за протеини изнесува 0,75 грама на еден килограм телесна тежина, или 15 проценти од вкупниот внес на калории.
Колку протеини да се внесуваат
Треба да бидете внимателни со внесот на протеините бидејќи нивното прекумерно консумирање може да предизвика проблеми со црниот дроб и бубрезите, а доколку истите потекнуваат од месо и млечни производи, кои покрај протеини, содржат и големи количини заситени масни киселини, може да настане зголемување на нивото на лошиот холестерол во крвта, што доведува до кардиоваскуларни заболувања.
Од друга страна пак, доколку вашата исхрана е сиромашна, организмот почнува да ги користи протеините кои влегуваат во составот на мускулите како извор на енергија, што води кон општа слабост и млитавост.
Со оглед на тоа што мускулното ткиво најмногу се изградува додека спиете, доколку сакате да ја зголемите мускулната маса, вашиот последен оброк во денот треба да биде богат со протеини.
Луѓето со прекумерна тежина кои држат режим на исхрана со зголемена количина на протеини (25 проценти од вкупно внесените калории да потекнуваат од протеини), многу побрзо го губат вишокот на килограми и масното ткиво од оние кои држат други видови на диети.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.