Текстотека

Креатин Монохидрат и употреба

Ако секојдневно тренирате, соодветна исхрана и суплементација се од суштинско значење. Градење на мускул воопшто не е лесна работа, па затоа потребна ви е и добра суплементација. Еден суплемент од суштинско значење е креатинот монохидрат.

Креатинот не е стимуланс како што е кофеинот, па затоа не може да го “почувствувате”. Креатинот може да ги надополни вашите креатински  магацини во вашето тело, тој е состојка која природно се наоѓа во храната како црвено месо. Креатинот се користи за поддршка на силата, моќта, експлозивната енергија и издржливоста.

ИЗДРЖЛИВОСТ, СИЛА, БРЗИНА, МОЌ

Креатин Монохидрат беше првиот вид на креатин произведен за бодибилдери. Тоа е златен стар додаток од старите денови на бодибилдингот и со добра причина.  Креатин Монохидрат е чиста форма на креатин, најчесто се наоѓа во многу пред тренинг и пост-тренинг производи. Со додавање на резервите на креатин во вашите мускулни клетки, ќе можете да тренирате подолго и потешко за време на тренингот.  Бенефити на креатин монохидрат :

  • Зголемена издржливост и сила
  • Побрзо опоравување на мускулите и побрз мускулен раст
  • Хидратација на мускулно ткиво и промовира проток на хранливи материи

КРЕАТИНСКА СТРАГИЈА ЗА РЕЗУЛТАТИ

Постојат некои големи прашања за користење на креатин монохидрат – Дали постои фаза на полнење? Дали треба да има пауза од користењето на креатин?

Со креатински монохидрат, обично постои фаза на полнење. Фазата на одржување е околу 5 до 10 грама дневно – во зависност од вашата телесна тежина. За да ги видите најдобрите резултати, започнете со земање на 20 грамa на креатин монохидрат дневно поделено на 4 пати, 5 дена.

Исто така можете да направите подолга фаза на полнење, земајќи 10 грама дневно за 10 дена, а потоа да преминете на фазата на одржување.

ИЗГРАДЕТЕ МУСКУЛ ПОБРЗО

Креатин монохидрат може да се зема како самостоен додаток или земен во комбинација со други додатоци како што се протеини, аминокиселини или пред тренинг суплементи. Многу додатоци за пред тренинг вклучуваат креатин како дел од мешавината.

Секогаш е најдобро ако можете да го земате вашиот креатин со брзо дејствувачки јаглени хидрати за да го зголемат нивото на инсулин и да го добиете тој креатин директно во мускулните клетки.

Креатинот монохидрат го поддржува градењето на чист мускул, но дури и оние што се обидуваат да изгубат маснотии, можат да најдат бенефити во креатинот за подобрување на интезивноста на тренингот. Без разлика дали сте спринтер, кревате тежина или боксувате, креатинот им дава експлозивната моќ на вашите мускули.  Плус, креатин монохидрат е безбеден за мажи и жени од сите возрасти!

Ние ви го препорачуваме најдобриот Креатин Монохидрат на нашиот пазар кој ја содржи најчистата форма на креатин Creapure, Creatine Monohydrate од Dymatize Nutrition.

https://hardcoreshop.mk/shop/creatine-monohydrate-300-gr/

 

*Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.