1: Внесување шеќери
Во попладневните часови чувствувате како вашата енергија да опаѓа. Токму затоа се одлучувате за чоколадна крофна или нешто слично.
Сметате дека шеќерот ќе ја зголеми вашата енергија и ќе ве натера да “дотуркате” до последното повторување. Во реалноста, ќе се случи токму спротивното.
“Се што е слатко и што содржи рафинирани јаглехидрати може да го зголеми вашиот крвен притисок и да предизвика да се срушите токму на сред вежбање”
2: Брза храна
Не сте имале намера да вежбате откако сте изеле хамбургер, но чувствувате како сендвичот да ви стои како тула во вашиот стомак, и очајно сакате да ја посетите теретаната.
Но, ова е погрешно. На оброците кои содржат високи масти им се потребни неколку часа за да се сварат, што сериозно ќе ве забават.
“Целата крв е насочена кон вашиот стомак, со цел да помогне во варењето, што значи дека не е присутна во вашите мускули тогаш кога ќе им биде најпотребна”.
3: Празен стомак
Мислите дека гладувањето ќе ви помогне да согорите уште поголем број на калории? Се лажете. Може само да направи да се чувствувате лошо за време на вашето вежбање.
“Напорното тренирање на празен стомак ги изгладнува вашите мускули и го празни гликогенот – со што предизвикувате побрзо да се уморат”. “Доколку каснете само едно парче овошје или се напиете јогурт, тоа ќе го поттикне вашето тело да продолжи со вежбање”.
4: Енергетски пијалак
Оваа грешка е малку незгодна бидејќи голем број истражувања докажаа дека малку кофеин пред вежбањето може да ве подигне вас и вашата енергија. Но, проблемот е тоа што енергетските пијалаци исто така содржат голем број шеќери.
Доколку постојано се потпирате на нив и на “енергичноста” која тие ја даваат, може да се соочите со тешкотии во постигнувањето на резултатите.
“Високото количество на кофеин во многу вакви пијалаци навистина може да ја уништи вашата навика за спиење” “Бидејќи, кога нема доволно да се наспиете, вашите вежби и вашата диета страдаат”.
Како треба да изгледа поделбата на вашиот оброк пред тренинг:
5: Коктел од живи јајца
Сите сме го гледале Роки, американскиот шампион. Тој секој тренинг го започнуваше со една чаша живи јајца.
Вистина е дека протеините помагаат во вежбањето и во градењето на мускулите, но има многу подобри начини за тоа како да ги внесете, од пиење на живи јајца што може да предизвика дијареа и салмонела.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.