Текстотека

Храни што треба да се избегнуваат во доцните часови!

Недостатокот на сон лошо делува на здравјето, а недостаток на спиење поради лошиот избор на храната навистина не ви треба.

Ако сакате добар ноќ, избегнете ја оваа храна пред спиење:

Црвеното месо

Црвеното месо е полно со протеини и масти, поради што органите за варење треба да работат напорно цела ноќ. За да се постигне состојба на подлабоко спиење, сите физички системи треба да работат без оптоварување, а месото е многу тешко да се вари. Сепак, не се откажувајте во целост од црвеното месо, бидејќи е богато со железо и триптофан. Само не го јадете пред спиење.

Алкохол

Општо е прифатена заблуда дека алкохолот промовира спиење. Точно, алкохолот може да ве успие, но тоа не не доведува до долг и освежувачки сон. Алкохолот го пореметува ритамот на сонот, бидејќи води само до плитки фази на спиење од кои нема многу корист. Покрај тоа, алкохол веројатно ќе ве буди и неколку пати во текот на ноќта. Најлошо од се е дека постојат оние кои користат алкохол како еден вид на “апчиња за спиење и стануваат зависни од него.

Темно чоколадо

Темното чоколадо е храната која што не ви треба пред да одете на спиење. Таа, како и секое чоколадо содржи кофеин и стимуланси, како што теобромин, поради кое срцето брзо чука. Ако мора да јадете нешто слатко, наместо црно, земете коцка на бело чоколадо.

Лук

Ако не спиете сами, лукот пред спиење треба да се избегне од почит кон другиот. Но, лошиот здив не е единствениот проблем. Лук може да предизвика горушица или други стомачни проблеми. Затоа, избегнете го  доколку имате чувствителен желудник.

Житни снегулки

Житните снегулки се полни со рафиниран шеќер и други јагленихидрати. Бидејќи нивото на крвниот шеќер одеднаш скокнува, и тоа не е идеален начин за да се подгответе за спиење. Ако морате нешто да јадете, земете житарици од цело жито без додаток на шеќер.

Слатки

Еден од наједноставните и најлошите начин на прекин на длабок сон се кошмарите. Една неодамнешна студија покажала дека седум од 10 лица кои јаделе брза храна, како чоколадо и други слатки пред спиење имаат тенденција кон кошмари. Се претпоставува дека високите нивоа на шеќер во крвта ствара мозочни бранови поради кои ние сме склони кон кошмари.

Пица

Солена и мрсна пица ќе го “вработи” стомакот цела ноќ. Доматниот сос е многу кисел, и заедно со мрсното месо и кашкавалот многу лесно предизвика горушица.

Тестенини

Тестенините  брзо ќе ве заситат, но ако се јаде пред спиење, сето тоа ќе ги претвори во масти. Маслото, сирењето и сосот, се само дополнителен товар.Повеќето тестенини имаат висок гликемиски индекс, и најверојатно ќе предизвика зголемен крвен шеќер во крвта, па ќе имате тенденција да заспиете и да се будите почесто во текот на ноќта.

Сладолед

Сладолед е полн со масти и шеќер – ќе добиетете енергетска инјекција баш кога ќе се подготвувате за спиење. Се разбира, сето ова енергија нема каде, па тоа се претвора во маснотии. Покрај тоа, на квалитетот на спиењето има сличен ефект како и другите слатки – тие можат да предизвикаат кошмари.

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.