Текстотека

Тренирање: наутро или навечер?

Без оглед на тоа дали сте утрински тип кој почетокот на денот не може да го замисли без добро вежбање или, пак, повеќе сакате да се испотите во теретана по стресниот ден на работа, секако сте во предност во однос на оние кои ги вежбаат само образите додека ја гледаат на телевизија омилената серија.

Сепак, постои разлика во ефикасноста на вежбањето наутро и вежбањето навечер. Едно истражување потврдило дека утринската гимнастика е најдобра за добар и квалитетен сон.

Истражувачите го следеле квалитетот на сонот на луѓето кои трачале на лента по 30 минути.

Испитаниците вежбале во 7 часот, па во 13 и во 19 часот. Се покажало дека оние кои вежбале наутро подолго и поцврсто спијат од оние кои тренингот го направиле попладне. Всушност, утринските вежбачи поминале повеќе од 75 отсто во фаза на длабок сон во однос на останатите.

“Колку подобро спиете, толку телото ќе ви биде поблагодарно. Добриот сон го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем, го намалува стресот на организмот и помага во одржување на посакуваната тежина“

Иако се чини дека утринските вежбачи имаат повеќе корист од својата активност, друго истражување покажало дека ниту оние попладневните не остануваат без награда за својот труд.

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.