Под слободни тегови подразбираме во прв ред тегови или варијабилни тегови на кои по желба може да се додава и одзема тежината на разни видови шипки. Тегот е дворачен бидејќи се прима во двете раце, додека на помала шипка се поставуваат и помали тежини кои формираат еднорачен тег.
Справите се разликуваат во облици, големини, намени и слично. Многу од нив имаат правилно сложена група на тегови или пак постои хидраулички потисок кој може да се зголемува или намалува во зависност од желбата и потребата на оној што вежба.
Што е подобро – справи или слободни тегови?
Справите
- Бараат помал напор за време на нивната употреба отколку што бара слободната тежина – седнувате на справа, го избирате саканиот отпор, и правите движења кои лесно се учат, а на повеќето справи се наоѓаат илустрирани упатства кои ве водат низ целото движење.
- Справите скоро секогаш позиционираат во седечка положба иако повеќето физички активности во реалниот живот и разните спортови не се такви. Со тоа, повеќето справи не придонесуваат подобрување во рамнотежата и стабилизација која ви е и тоа како потребна.
- Справите ја диктираат насоката и волуменот на движењето, така што, кога употребувате одредена сила во правилна насока доаѓа до движење на точно одредено, однапред детерминирано прашање и не е можно да се направи полн волумен на движењето кој вие би сакале. Правите само толку колку што ви дозволува одредената справа.
- Справите воглавно делуваат изолирачки, т.е го изолираат само главниот мускул кој е вклучен во движењето што лошо влијае врз развојот на флексибилноста и им оневозможува на останатите мускулни групи да работат заедно како целина, и им оневозможува тренинг на стабилизирачки мускулни групи.
- Во секој случај тие се контруирани за максимално да се избегне било каква можност за повреда и не бараат асистент при изведувањето на вежбите.
Слободна тежина
- Слободната тежина од личноста бара одредено време и пракса потребна да се научи вистинското движење и да се зголеми концентрацијата за движењето да биде правилно. На пример, луѓето кои прв пат прават бенч прес со шипка или тегови често пати доаѓаат до кривење и мораат повеќе да се сконцентрираат за движењето да биде точно.
- Теговите и шипките овозможуваат да направите полн волумен на движењето, не ограничувајќи ве со претходно зададено движење и бараат употреба на поголема стабилизација на мускулните групи за движењето да биде точно.
- Употреба на вежбите со слободна тежина ве прави посилни во секојдневните активности.
- Со потребата на слободната тежина не ги тренирате само главните мускули, туку многу мускулни стабилизатори кои се активираат за да ви овозможат да ги направите посакуваните движења
- Иако можеби движењето нема да биде идеално како кај генерираните справи, со слободната тежина повеќе можете да правите природни движења и да ја развивате вашата флексибилност, координација, рамнотежа и слично.
Заклучок
Иако на вежбите кои користат слободна тежина би требало да им се даде приоритет поради сите горе наведени причини, тоа никако не значи дека треба да се ограничите само на нив и да ги елиминирате справите. Вежбите кои се изведуваат на справите се и тоа како добредојдени. Тренингот нека ви биде разновиден, сочинет и од едни и од други вежби.