Препораките на стручњаците упатуваат на тоа дека во почетниот период возењето велосипед не би требало да биде подолго од дваесет минути, а процентот на продолжување на времето да биде постепено и лесно, пет до десет минути на ден.
Препорачаната здрава брзина со која треба да се движиме со цел да ослабиме со велосипед е околу 15 до 20 км/час. Се под и над оваа брзина нема да даде доволен ефект или ќе го префорсира организмот што може да доведе до воспаление на мускулите.
Предноста на слабеењето со возење велосипед е во тоа што истовремено мускулите ќе станат позатегнати, а вкупниот физички изглед со самото тоа, значително подобар.
Темпото со кое се слабее зависи од односот на калории кои се внесуваат пред возењето и кои ќе се потрошат за време на возењето. Тоа значи дека внесувањето на калории треба да се сведе на минимум доколку сакаме резултатот за губење килограми да биде поголем.
Истовремено, испитувањата на стручњаците укажуваат и на тоа дека употребата на оваа корисна направа со време делува на подобрување на функцијата на срцето и здравјето на крвотокот.
За најдобри резултати најдобро е велосипедот да се вози во природа, каде што организмот ќе внесе доволна количина кислород, додека во временскиот период кога возењето во природа не е можно поради временските услови, се препорачува собниот велосипед, кој ако не во вашиот дом, достапен е во секој фитнес центар или теретана.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.