Знаеме ли која е разликата помеѓу обичен Л-карнитин и Ацетил Л-карнитин?За првиот сме читале и слушале многу.Тоа е полуесенцијална е амино киселина која ја произведува нашиот организам (но само10% од дневните потреби) па остатокот го надополнуваме од секојдневната исхрана (месо, млеко, млечни производи, јајца, соја) или преку суплементација со соодветни додатоци.Л-карнитинот го поттикнува процесот на согорување на наталожените масти во телото за енергија, и е основен суплемент кога станува збор за намалување на процентот на телесните масти. Ја зголемеува спортската издржливост, обезбедува повеќе енергија, го подобрува кардиоваскуларниот систем и циркулацијата.Ацетил Л-карнитин е ацетилирана форма на Л-карнитин. Оваа продолжена форма со ацетилна група, ја оспособува молекулата на Л-карнитинот да ја помине крвната мозочна бариера и да стигне до клетките на мозокот. Вака стигнатиот Л-карнитин во мозокот обезбедува супстрат (ацетил група) за синтеза на ацетилхолин кој е основен невротрансмитер во мозокот. (Невротрансмитерите го помагаат преносот на сигнали од еден неврон до друг преку синапсите.)Ацетилхолинот е првиот откриен невротрансмитер и има многу функции меѓу кои и одговорен за симулација на мускулите, вклучувајќи ги и мускулите на гастроинтесналниот тракт.На овој начин оваа форма на Л-карнитин ја потпомага мозочната активност и се препорачува за оние кои учат, студираат, или имаат потешки умствени активности.Обичен Л-карнитин му дава енергија на телото, ацетилираната форма освен што му дава енергија на телото го активира и мозокот.Активниот ум не може да остане активен во пасивно тело.Вежбајте!
Наша препорака за Л Карнитин
Наша препорака за Ацетил Л Карнитин
Текст: Христина Марковска