Како што и поделбата на тренингот по денови бара внимателна организација, така треба да се обрне внимание и на редоследот на изведување на вежбите. Така на пример, доколку по распоред денес поминувате тренинг за мускулите на градите, треба однапред добро да испланирате не само кои 4-5 вежби за гради ќе ги изведите, туку и по кој редослед ќе бидат реализирани.
Редоследот на однапред зададените вежби и тоа како може да влијае на успешноста на самиот тренинг особено кога се работи за тренинг со големо оптеретување.
Имајте ги на ум овие совети при следниот тренинг!
Едно од најважните правила е сложените вежби (оние кои активираат поголем број мускулни групи) да се изведат пред изолирачките вежби (оние кои активираат помала група мускули). Со други зборови, на почетокот на секој тренинг треба да изведувате вежби кои ви овозможуваат да подигнете најголема тежина. На пример, ако планирате да изведувате 2 вежби за гради кои се базираат на потисок како што е потисок со шипка на рамна и коса клупа и една вежба за гради која се базира на развлекување, треба да ги направите вежбите кои се базираат врз основа на потисок, а потоа вежбата базирана на развлекување.
[ux_sale_products columns=”4″ title=”Купувај на попуст!”]
Тоа е така затоа што потисокот со шипка е сложена вежба која освен градите ги активира и мускулите на рамената, трицепсот па дури и стомачните мускули кои делуваат како стабилизатори, додека развлекувањето со тегови го активира само мускулот на градите без поголемо учество на другите мускули.
Исто така, прво тренирајте големи мускулни групи бидејќи тие стимулираат поголем метаболички, нервен, хормонален и васкуларен одговор како и вежбите кои при изведувањето се потпираат на повеќе зглобови.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.