Текстотека

МОТИВАЦИЈА – КАЖЕТЕ “ДА“

                                          КАЖЕТЕ “ДА“

Луѓе избегнуваат напорна работа. Од каде стоиме, честопати изгледа како да се избегнуваат напори, особено кога се работи за физички напор. Знаете на што мислиме. Побарајте од некое лице да работи прекувремено и сигурно ќе бара изговор, иако тврди дека му требаат повеќе пари. Одете околу теретана  и видете колку луѓе ги завршуваат своите серии и вежби без жечба, и покрај нивната изјавена желба да постигнат напредок. Што се случува овде?

Претпоставка е дека овој феномен е поврзан со самоодржувањето. Напорна работа, особено физичка работа, боли. И кога работите почнуваат да болат, луѓето обично велат “не” и престануваат. Тоа е исто како и нашата тенденција да се каже “да” на храна и одмор. Самоодржувањето значи “не” за работа, но “да” за храна и одмор. Кој е крајниот резултат? Меки луѓе. Го гледате истиот резултат и во бодибилдингот – луѓе завршуваат со лошо однесување на прејадување и преголем одмор. Никој од нас не сака да биде мек. За да се избегне тоа, клучот е само да се каже “да” на работата.

Ако сакаме да ги постигнеме нашите резултати, ние прво треба да го направиме патот до теретана. Изговорите треба да престанат. Фактот дека сте уморни, вашата теретана не е доволно опремена, имате алишта да перите, или е роденден на вашиот најдобар пријател не ве ослободува од тоа да дадете се во теретана. Ако сакате да бидете просечни и да одите никаде, одете во теретана кога сакате и правете што сакате. Ако, сепак, вие всушност сакате да направите вистински, мерлив напредок, однесете го газот во теретана. Направете го тоа како вашиот живот да зависи од тоа. Да, понекогаш ќе бидете уморни. Поточно, почесто ке бидете уморени одколку што нема да бидете, но тоа не е изговор.

Кажувајте “да“ на повеќе работи секој ден. “Да“ за напорно тренирање. “Да“ за тренирање кое ќе ве носи надвор од вашата зона на удобност. За да напредувате во овај спорт и да растете, само кажете “ДА“.