Текстотека

Магнезиум и употреба

Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира.

  • Магнезиумот е минерал кој учествува во активноста на околу 300 ензими во организмот, а неговите најважни функции се:

    – минерализација на коските
    – пренос на нервните сигнали
    – регулирање на крвниот притисок и срцевиот ритам
    – регулирањето на контракцијата на мускулите

Најважниот мускул, чија функција зависи од внесот на магнезиум е срцето. Се повеќе се проучува поврзаноста на недостатокот на магнезиум со неправилната работа и нарушувањата на срцето, развојот на ангина пекторис и многу други појави.

Преку вообичаената исхрана дневно се внесуваат 180-300 мг магнезиум, меѓутоа треба да се земе во предвид дека организмот е во состојба да апсорбира само една третина од магнезиумот кој се внесува преку исхраната. За намалувањето на ресорпцијата на магнезиумот од храната влијае и застапеноста на мастите во исхраната, внесот на фосфати, алкохол, стрес и некои видови на лекови.

Недостатоците од магнезиум можат да се појават во текот на растењето и развојот на децата, за време на бременоста, при интензивен стрес, при повраќање, дијареа и хронични заболувања на бубрезите, при внесување на масна храна, прекумерно конзумирање на млечни производи, итн.

Симптомите од недостаток на магнезиум вклучуваат слабост на организмот, грчеви во мускулите, нарушена работа на срцето, раздразливост и главоболки.

Недостатокот на магнезиум може да се утврди преку анализа на крвта. Неконтролираното консумирање на магнезиум во форма на апчиња или како додаток во исхраната може да доведе до предозирање. При предозирање со магнезиум симптомите се: дијареја, малаксаност и поспаност. За да ги избегнете тие непријатности, не употребувајте магнезиум надвор од вашата исхрана, освен ако тоа не ви е препишано од доктор.

 

Извори на магнезиум

Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум.

Консумирањето на сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб, зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.

 

Магнезиум суплемент:

Magnesium CITRATE 90 tablets

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист