Текстотека

Како да ги зголемите мускулите додека спиете?

Човечкото тело гради мускулно ткиво два пати дневно – веднаш после вежбањето и за време на спиењето. Со избирање на вистинскиот оброк за вечера, можете да ја зголемите вашата мускулна маса буквално додека спиете.

Факт

Човечкото тело ослободува најголема количина на хормонот за раст за време на РЕМ фазата од сонот, односно тогаш кога спиете најдлабоко. Затоа, тајната лежи во тоа да имате внесено поголема количина на протеини во организмот, како би ја искористиле предноста на овој „механизам“. Тоа значи дека вашите мускули ќе имаат гориво за да се хранат, а придобивките ќе се одразат на нивната маса.

Исто така, мускулите ќе ги трошат протеините во текот на целата ноќ, така што нема да влезете во фазата на глад, кога телото го разградува мускулното ткиво за да има со што да се храни.

Што да јадете пред спиење?

Најдобар избор се протеини кои се варат бавно, како на пример пилешкото и мисиркиното месо. Друга варијанта е ниско масното сирење и мала количина на бадеми, така би внесле здрави масти и протеини истовременo.

Суплементи кои ќе ви поможат за изградба на мускулна маса дури спиете:

https://hardcoreshop.mk/shop/casein-100-600gr-2/

100% VITAMINS & MINERALS | 60 caps дневна/ноќна формула

*Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.