Текстотека

Колку грама протеин се потребни за мускулен раст?

Истражувањата покажуваат дека максималната мускулна протеинска синтеза се појавува после конзумирање на 20-30 грама на протеински суплемент. Поголем протеински внес од тоа не резултирало со поголеми анаболички ефекти. Додатно, многу нутриционисти советуваат за конзумирање 20-30 грама протеин периодично низ денот.

Како и да е, тоа не важи и за храната која се конзумира. Во еден литературен напис,  Nicolaas Deutz и Robert Wolfe од Texas A&M  универзитетот дискутирале дека оброците кои содржат повеќе од 30 грама протеин биле високо анаболични!

Која е разликата?

Оброците стимулираат лачење на инсулин, кој превенира за разградување на протеините и го намалува нивото на амино киселини во крвта. Оброците се зголемено анаболични кога содржат над 30 грама протеин затоа што ги зголемуваат нивоата на амино киселини во крвта пропорционално на протеинската содржина на оброците. Deutz и Wolfe предлагаат да се конзумира повеќе протеин во првиот оброк и ручекот и да се задржи повисокиот протеински внес до вечерата.

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист