Текстотека

Колаген и употреба

Што е колаген?

Колаген е еден од најзастапните протеини во телото и е неопходен за успешно одржување на здрава ‘рскавица, лигаменти, тетиви, коска и кожа. Заедно со мекиот кератин, тој е одговорен за силата на кожата и еластичноста, додека ги одржува и крвните садови.Кога не би имале колаген, нашето тело буквално би се распаднало. Колагенот и дава на кожата сила и издржливост, допринесува за младешкиот и здрав изглед на кожата.

Колагенот го сочинуваат три протеински синџири, споени во еден. Оваа единствена структура го прави колагенот поиздржлив и од челикот. Околу 33% од протеините во организмот е колаген. Колагенот се наоѓа во ткивата, органите и коските. Коските се состојат од комбинација на колаген и некои минерали, како што се калциумот и фосфорот.

Синтеза на колаген

Колагенот се создава во фибробластите (клетки на кожата кои се наоѓаат во дермисот). Во фибробластите се создаваат и други протеини, како еластин (задолжен за цврстина и еластичност на кожата) и глукозамин гликан (поткожен дел кој ја оддржува кожата хидрирана).

Не е чудно што препаратите со фактори на раст ( ја поттикнуваат работата на фибробластите) завземаат значаен дел од козметологијата. Витаминот Ц исто така има битна улога во производството на колаген и недостаток на овој витамин може да го успори создавањето на колаген.

Синтезата на колаген се случува континуирано во текот на нашиот живот како би го поправил и заменил оштетениот колаген. Со текот на годините, овој процес трае подолго и обновувањето на колагенот е се послабо, па поради тоа имаме поопуштена кожа, брчки и дехидрирана кожа

Создавање на колаген

Постојат многу начини да се поттикне синтезата на колаген.

Првиот, и најбитен чекор е да се обезбеди доволна количина на витамин Ц.

Ова се однесува и на орално внесување на витаминот Ц како и на козметика која го содржи овој значаен витамин кој е заслужен за создавање на колаген но е и силен антиоксидант.

Друг начин за поттикнување на создавање на нов колаген е користење на хемиски ексфолијанти (хемиски пилинзи). На овој  начин се стимулира обновување на клетките на кожата.

Трет начин се разни витамински коктели (мезококтели) кои стимулираат синтеза на колаген и вклучуваат фактори на раст. На овој начин се стимулира создавање на колаген но и на други процеси во кожата кои се одговорни за младешкиот изглед.

Колаген како суплемент

Колагенот сочинува околу 25-35% од вкупната содржина на белковини во организмот. Во мускулното ткиво служи како главна компонента на ендомизиумот. Колагенот сочинува 1-2% од сврзното ткиво на мускулите, а претставува 6% од тежината на еден цврст мускул

Со суплементирање со колаген, може да помогнете да се осигурате дека ќе продолжите со активниот животен стил долго време. Колаген како суплемент е одличен додаток на вашата целосна програма за поддршка на здравјето на коските.

Ние ви ја препорачуваме најдобрата формула на колаген на нашиот пазар COLLAGEN RENOVER од Trec Nutrition која ќе ги задоволи сите ваши потреби.

COLLAGEN RENOVER е формула која содржи лесно апсорбиран хидролизиран колаген и вит. C, помагајќи во комплексното обновување на сврзното ткиво. Колагенските влакна ја поврзуваат и ја подобруваат еластичноста на зглобовите и кожата, обезбедувајќи им заштита од механички притисок. Производството на ендоген колаген се намалува со возраста, ја забрзува деградацијата на зглобната ‘рскавица и ја намалува еластичноста на кожата. COLLAGEN RENOVER е наменет за луѓе со ризик од напор на зглобовите, вклучувајќи ги и спортистите, луѓето со прекумерна тежина и постарите лица.

COLLAGEN RENOVER | 350 gr

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.