Текстотека

Колаген и употреба

Што е колаген?

Колаген е еден од најзастапните протеини во телото и е неопходен за успешно одржување на здрава ‘рскавица, лигаменти, тетиви, коска и кожа. Заедно со мекиот кератин, тој е одговорен за силата на кожата и еластичноста, додека ги одржува и крвните садови.Кога не би имале колаген, нашето тело буквално би се распаднало. Колагенот и дава на кожата сила и издржливост, допринесува за младешкиот и здрав изглед на кожата.

Колагенот го сочинуваат три протеински синџири, споени во еден. Оваа единствена структура го прави колагенот поиздржлив и од челикот. Околу 33% од протеините во организмот е колаген. Колагенот се наоѓа во ткивата, органите и коските. Коските се состојат од комбинација на колаген и некои минерали, како што се калциумот и фосфорот.

Синтеза на колаген

Колагенот се создава во фибробластите (клетки на кожата кои се наоѓаат во дермисот). Во фибробластите се создаваат и други протеини, како еластин (задолжен за цврстина и еластичност на кожата) и глукозамин гликан (поткожен дел кој ја оддржува кожата хидрирана).

Не е чудно што препаратите со фактори на раст ( ја поттикнуваат работата на фибробластите) завземаат значаен дел од козметологијата. Витаминот Ц исто така има битна улога во производството на колаген и недостаток на овој витамин може да го успори создавањето на колаген.

Синтезата на колаген се случува континуирано во текот на нашиот живот како би го поправил и заменил оштетениот колаген. Со текот на годините, овој процес трае подолго и обновувањето на колагенот е се послабо, па поради тоа имаме поопуштена кожа, брчки и дехидрирана кожа

Создавање на колаген

Постојат многу начини да се поттикне синтезата на колаген.

Првиот, и најбитен чекор е да се обезбеди доволна количина на витамин Ц.

Ова се однесува и на орално внесување на витаминот Ц како и на козметика која го содржи овој значаен витамин кој е заслужен за создавање на колаген но е и силен антиоксидант.

Друг начин за поттикнување на создавање на нов колаген е користење на хемиски ексфолијанти (хемиски пилинзи). На овој  начин се стимулира обновување на клетките на кожата.

Трет начин се разни витамински коктели (мезококтели) кои стимулираат синтеза на колаген и вклучуваат фактори на раст. На овој начин се стимулира создавање на колаген но и на други процеси во кожата кои се одговорни за младешкиот изглед.

Колаген како суплемент

Колагенот сочинува околу 25-35% од вкупната содржина на белковини во организмот. Во мускулното ткиво служи како главна компонента на ендомизиумот. Колагенот сочинува 1-2% од сврзното ткиво на мускулите, а претставува 6% од тежината на еден цврст мускул

Со суплементирање со колаген, може да помогнете да се осигурате дека ќе продолжите со активниот животен стил долго време. Колаген како суплемент е одличен додаток на вашата целосна програма за поддршка на здравјето на коските.

 

https://hardcoreshop.mk/shop/collagen-liquid-500ml/

https://hardcoreshop.mk/shop/flex-formula-collagen-390gr-30servings/

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.