Текстотека

Како се дебелееме?

Јадеме премногу брзо

Многу штетна навика е јадењето на нога, за 1-2 минути, со апсорпција на недоволно изџвакана храна. Се сеќавате дека родителите ве тераа како дете да џвакате бавно и внимателно? Добро изџваканата храна полесно се преработува.

Прескокнуваме оброк

Луѓето си мислат ако не појадуваат или пак не вечераат полесно ќе го симнат вишокот килограми. А на тој начин го прават спротивното – го забавуваат метаболизмот, на организмот му е тешко да ги согори калориите и вишокот маснотии во телото. Јадете почесто во текот на денот, но по малку е златното правило.

Ставаме поголема порција пред нас

Другото златно правило во исхраната гласи дека треба да си ставиме во чинијата помалку храна отколку што мислиме дека ќе изедеме. Во спротивно, кога порцијата ни е голема, иако сме најадени, всушност во чинијата имаме уште половина јадење, продолжуваме да јадеме само од лакомост или за да не се фрла храната.

Јадеме бел леб

Белиот леб е виновен за покачувањето на килограми, па затоа изберете пченкарен или црн леб.

Гледаме многу телевизија


Најчеста навика меѓу децата, возрасните, мажите, жените… Гледањето телевизија го налага човекот да се опушти на креветот и да грицка нездрава храна – чипс, пуканки, солени грицки, чоколада… Почесто излегувајте на прошетка.

Не спиеме доволно


Спиеме или премногу или премалку и повторно не се чувствуваме добро во сопствената кожа. Според едно ново истражување, луѓето кои спијат помалку од 6 часа и повеќе од 8, се подложни на дебелеење. Охрабрете се да спиете околу 7 часа дневно.

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.