Додека повеќето луѓе се борат со вишокот килограми, има и такви кои се борат да стават некое кило на себе. Ако и вие го имате тој проблем, искористете ги следниве совети и сигурно ќе успеете!
Јадење
Внесувајте здрава исхрана и редовно вежбајте. Кога сте во потрага да се здебелите на здрав начин, потребна ви е храна богата со материи кои всушност го хранат мускулот. Внесувајте што повеќе млечни производи, пилешко месо, риба и грав.
Покрај протеинската храна, за организмот потребни му се и јаглехидратите, кои се основен извор на енргија за извршување на било кои активности. Доколку имате физички активности во текот на денот, јаглехидратите не смеете да ги изоставате.
Секој ден редовни три оброци (најмалку), неколку ужинки и редовно вежбање. Што е најважно, потребен ви е совет од фитнес инструктор и консултација со нутриционист.
Суплементи
Кога станува збор за суплeменти, најдборо е да не ги користите т.е сите потребни состојки за вашиот организам да бидат внесени по природен пат преку храната.
Но доколку не сте во можност да ги исполнувате бројките кои вашата диета ги налага, тогаш можете да надополнувате со суплeменти.
Пред се, најдобро е да се консултирате со тренер или нутриционист, за точно да знаете што недостасува во вашиот начин на исхрана. Доколку бројот на протеини е мал, тогаш користете протеински прашок, доколку имате недостаток на витамини, користете мултивитамин.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.