Текстотека

Масти

Заситени масни киселини

Едниот крај на молекулите на сите масни киселини содржи метил група, составена од јаглероден атом и 3 водородни поврзани кон неа. Другиот крај на молекулите на сите масни киселини се состои од карбоксилни група од јаглерод, поврзан со единечна врска со ОН (хидрокси група) и со двојна врска со кислород.

Она што ја прави масната киселина интензивна е фактот дека сите соседни јаглеродни атоми во средината имаат единечна врска по меѓу и во секој од нив има и поврзани максимален број водорони атоми. Заради недостатокот на двојни врски, масните киселини се поврзуваат здраво и цврсто и стануваат тешки за распад. Токму поради оваа причина, при прием, е најверојатно да се складираат како телесни масти, отколку ако наместо нив, прифатете незаситени масни киселини (особено полинезаситени). Таков тип на масти најчесто се среќаваат во храната со животинско потекло и млечните производи.

Незаситени масни киселини

Тие содржат една или повеќе двојни врски некаде во синџирот (понекогаш и тројни). Секоја  двојна врска го намалува бројот на водородни атоми, кои можат да се соединат со јаглеродниот атом кој учествува во двојната врска, а тоа прави врските во овој тип киселини тешки за распаѓање. Претежно се среќаваат во храната со растително потекло.

Терминот мононезаситени опишува масна киселина со само една двојна врска (маслиново масло пример), а полинезаситени значи две или повеќе двојни врски (ленено масло).

Најчесто незаситените масни киселини се во течна состојба Тие се најчесто лесни за разградување и веројатноста да се здебелите од нив е помала.

 

* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.