Калориите кои ги внесуваме преку храната и течностите, нашиот метаболизам ги претвора во енергија. Дебелината, полот и возраста се фактори кои влијаат врз него, но постојат начини на кои и самите можеме да го забрзаме.
Добар сон
Утринскиот замор и поспаност не е единствен показател дека не спиете доволно. Научниците откриле врска помеѓу метаболизмот и спиењето. Доколку не спиете доволно, тоа сериозно може да го забави важиот метаболизам.
Зелен чај
Не само што овој напиток е одличен антиоксиданс, туку научниците откриле дека исто така го забрзува метаболизмот. Дополнителен плус заслужува затоа што нема калории, па затоа нема причина зошто да не уживате секој ден во шолја или две од овој чудотворен напиток.
Не го пропуштајте појадокот
Секое утро пред да одите некаде, мора да одвојувате дел од времето за да појадуавате. Истражувањата постојано ја докажуваат важноста на појадокот, а тоа воедно е и начин што порано да го забрзате метаболизмот. Доколку немате апетит толку рано наутро, обидете се барем да испиете чаша јогурт.
Јадете паметно
Кој би рекол дека консумирањето на одредена храна всушност помага калориите побрзо да согоруваат? Истражувањата покажуваат дека одредени храни, како што се туната и грејпфрутот, го забрзуваат метаболизмот. Јајцата исто така се добри, така што наместо сендвич наутро правете си кајгана за да го поттикнете метаболизмот.
Кафе
Истражувањата покажуваат дека шолјата кафе, односно кофеинот , брзо се апсорбира во крвотокот и дека ја забрзува работата на срцето, а го поттикнува и метаболизмот.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.