Текстотека

Гејнер за максимална мускулна маса!

Како се зголемува мускулната маса?

Теоретски, многу едноставно – за зголемување на телесна и мускулна маса потребно е да внесувате повеќе калории од оние кои ги трошите во текот на денот, да консумирате доволно протеини и да вежбате. Но, некогаш ова не е така лесно во пракса како што звучи – немате апетит колку што ви треба за да ги внесете калориите што ви требаат или сте многу активни, имате брз метаболизам и трошите повеќе од она што го внесувате преку оброците, или едноставно, сакате побргу да стигнете до вашата цел. Во овие ситуации гејнерите се идеално решение.

Зошто треба да користите гејнери во процесот на зголемување мускулна маса

Гејнерите се најдобар избор кога сакате да ја зголемите мускулната маса од неколку причини:

1. Ви помагаат да го контролирате внесот на калории

Броењето на калории и изборот на храна за да ја постигнете посакуваната бројка знае да биде напорно кога го правите секој ден. Гејнерите имаат точно пресметани параметри во однос на калории и нутриенти што ви помага полесно да го пресметате остатокот и да го надокнадите она што ви недостасува во секое време.

2. Ви помагаат да го контролирате зголемувањето на телесни масти

Најголемиот ризик во процесот на зголемување мускулна маса е прекумерното таложење телесни масти кои ќе ви треба време да ги елиминирате. Гејнерите во нивниот состав имаат здрави масти кои му се неопходни на вашето тело, а не ја нарушуваат вашата фигура.   

3. Ви го олеснуваат изборот на оброк после тренинг

Гејнерите се одлична храна после тренинг бидејќи содржат сѐ што им е потребно на вашите мускули за да се опорават и да се регенерираат. Веќе нема да губите време во изборот и подготовката на оброк по вежбањето бидејќи со еден шејк ќе ја завршите целата работа.

4. Ви овозможуваат комбинирање со други суплементи

Гејнерите функционираат одлично со останатите суплементи, особено со оние чија цел е градење мускулна маса, како што се креатинот и глутаминот. Нивната формула е креирана за надополнување и меѓусебно зголемување на ефектите со сличните суплементи.

За максимален мускулен раст ние ви препорачуваме SUPER MASS GAINER од Dymatize Nutrition, комбинирано со CREATINE MONOHYDRATE и GLUTAMINE MICRONIZED.

 

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист