Напишано од Христина Марковска професионален фитнес тренер
Девојка. Вежба, сака да качи мускулна маса/сака да намали телесни масти, чита на интернет за whey протеин. После секоја нова прочитана информација, следат и прашања на кои нема одговор:
- Дали јас како девојка, можам да пијам протеински прашок ?
- Дали има хормони во нив ?
- Дали можат да се здебелам од нив ?
- Дали ќе направат мускули како машко ако ги конзумирам ?
- Дали има нус појави, дали смеат да се пијат со други антибиотици ?
Одговорите ќе ги најдете тука:
- Апсолутно. Протеините не познаваат полови; и на мажите и на жените на кои им е цел да качат мускулна маса, намалат масти или им е потребен дополнителен протеински внес преку суплемент и сакаат да практикуваат здрав балансиран начин на исхрана можат слободно да конзумираат протеин во прашок.
- Главниот извор на протеинските прашоци е млечната сурутка. Сурутката е делот кој се издвојува при производство на сирење/кашкавал и е богат со протеини. Како што секодјневно конзумираме млеко и млечни производи без помислата дали имаат хормони во нив, истото е и во овој случај.
- Влијаат повеќе фактори при зголемувањето на масното ткиво кај една индивидуа. Првиот и највлијателниот е големиот калориски внес (најчесто од неквалитетен извор на калории, но ова не значи дека треба да се претерува и со правилните калории). Вториот е физичката неактивност, т.е немањето на доволна калориска потрошувачка. Вишокот на калории/енергија се складира како поткожни масти. Протеинските додатоци најчесто не создржат или содржат минимална количина на јагленохидрати и масти (нешто кое во прекумерна конзумација предизвикува складирање на масти), а содржат голема количина на високо квалитетен протеин. Една доза протеин во просек има од 100 до 120 калории кои се во најголема мера од протеин. Вие треба секако да внесувате калории секодневно, но важно што е изворот на тие калории затоа што не се сите калории исто создадени и немаат исто влијание на телото и неговите процеси. Калориите од протеинскиот прашок се добредојдени, независно што е вашата цел (намалување масно ткиво, качување мускулна маса итн)
- Фамозното прашање . Теоретски и медицински е невозможно жените да се “набилдаат” со конзумирање на протеин во прашок или конзумирање на било каков суплемент кратотрајно. Пред се, немаат хормонска средина која би овозможила мускулен раст. Многу фактори играат улога за една девојка да качи на мускулна маса, како што е интензивен тренинг со поголеми тежини (нешто кое речиси и не може да се види во ниту една теретана), конзумирање на поголема количина на калории и висок протеински внес (исто нешто што е ретко да се види) и така натаму. Протеинот во прашок нема да ви даде мускулен раст преку ноќ, само ќе ви помогне да ги внесете потребните калории од протеин кои не можете да ги конзумирате преку исхраната или ако ви е потребен брз извор на протеин после физичка активност.
- Одговорот може делумно да се најде во одговорот под број 2. Со конзумирањето на квалитетниот дел од млекото, нема да имате никаква нус појава ниту пак ќе пречи да се конзумира со било какви други лекови.
Најквалитетните протеини од нашата понуда се достапни на следниот линк:
https://hardcoreshop.mk/kategorija/proteini/