Текстотека

Предности на користење на BCAA

BCAA (Branch Cain Amino Acid) или разгранет ланец на аминокиселини се состои од аминокиселините леуцин, изолеуцин и валин. BCAA сочинуваат 35% од аминокиселините кои се присутни во мускулите .

Аминокиселините се одговорни за формирањето на протеини во телото. Протеините се одговорни за формирање на мускулното ткиво, како и за зголемување на матаболизмот на телесните масти. Правилната исхрана дали преку диета или преку суплементација, мора да вклучува протеин.

Луѓето ги внесуваат BCAA аминокиселините нјчесто преку храната што ја јадат или преку суплементи. Млекото, млечните производи, сојата, црвеното месо и јајцата се најголеми извори на БЦАА.

За разлика од повеќето други аминокиселини, БЦАА го заобиколуваат хепаталниот метаболизам (црниот дроб) и директно се вклучени во работата на мускулите, каде што служат како донатори на азот за синтеза на други важни аминокиселини, како што глутамин и аланин.

Со тоа, тие се директно вклучени во анти-катаболичките процеси кои се одвиваат во мускулите.

Предности на внесување на БЦАА:

1. Поголема стимулација на синтезата на протеините

2. Зголемување на мускулната сила  што се должи на спротивставувањето на влезот на слободниот триптофан во мозокот. Тоа е аминокиселина која во последните фази на физичката активност , во мигот кога BCAA почнува да се однесува како енергетски супстра ,навлегува во мозокот, каде што се претвора во серотонин, мозочен невротрансмитер што влијае на чувството на замор (ова е добра причина да се земе BCAA суплемемент пред вежбање).

3. Го огрничува создавањето на амонијак ( што е многу токсична супстанција за ткивата и ја спречува синтезата на протеините ).

4. Обезбедува повеќе енергија за време на вежбањето. Ова се должи на фактот што BCAA за време на нивната оксидација излачуваат аланин, кој е најважниот претходник на глуконеогенезата ( создавање на новата гликоза, значи енергија) во црниот дроб , додека се одржува стабилното ниво на гликоза во крвта. Да не зборуваме дека синтезата на глутамин зависи разгранетиот ланец  на овие аминокиселини.

5. BCAA дејствуваат најдобро кога мускулите се во катаболна состојба, на пример поради нискокалорична диета, така што тие помагаат да се спречи загубата на мускулната маса за време на строгите диети.

6. Побрзо опоравување.

7. Посилен имунолошки систем.

Користење БЦАА пред тренинг

Земањето на разгранетиот ланец на аминокиселини пред тренингот, предизвикува одговор на некои анаболни хормони, особено хормонот за раст, инсулинот и тестостеронот.

Исто така, БЦАА го блокира влезот на триптофан во мозокот (што напоменавме порано), па ние имаме повеќе енергија за време на интензивното вежбање.

Користење БЦАА во сред тренинг

Земањето на БЦАА суплементи може да ја намали деградацијата на протеини што се случува во скелетните мускули за време на интензивно вежбање.

Од наведените причини, внесувањето на ВСАА суплементи за време на вежбањето, исто така може да се искористи за да се намалат некои потешкотии кои се појавуваат за време на долгите серии во вежбањето.

Користење на БЦАА после тренинг

За да се обноват енергетските резерви и да се олесни синтезата на протеините, а со тоа и да се намалат катаболните процеси во организмот што се случуваат по тренингот.

ДОЗИРАЊЕ:

По правило, треба да земете 1g ВСАА суплемент на 10 килограми телесна маса. Значи, доколку некој тежи 100 килограми, тој треба да земе 10g од разгранетиот ланец на аминокиселините, а оваа доза треба да биде поделена во три дела – пред, за време и по тренингот.

https://hardcoreshop.mk/shop/gold-core-bcaa-high-speed-600-gr/