ТРЕНИРАЊЕ ПРЕМНОГУ ЧЕСТО
Во овај случај ќе го префорсирате организмот и без оглед на добрата исхрана нема да ги постигните посакуваните резултати. Мускулите најмногу се градат после тренингот, додека се одмараат. Спрема тоа одвоете доволно време за телото се опорави после вежбањето. Не е неопходно да се вежба седум пати во неделата за да оформите мускули по идеални мерки. Тренингот мора да биде во склад со вашите можности.
НЕПРАВИЛЕН ИЗБОР НА ВЕЖБИ
Многу вежбачи без било каква консултација со тренерот одбираат неадекватна рекреација и вежбаат по сопствени нагодувања. Мора да имате на ум дека не сме сите исто градени и дека не можи секој организам да поднеси подеднаков напор. Фитнес стручњаците одредија три типа на градба: атлетски, снажен и издржлив. Значи, во зависност од тоа на кој тип му припаѓате треба да одберите интензитет на тренинг кој е најефикасен за вашето тело.
ПРАВЕЊЕ ИСТИ ТРЕНИНЗИ
Многу луѓе од месец во месец прават многу слични вежби па со текот на времето ја губат мотивацијата или не ги прават правилно а тоа носи голем ризик од повреди. Со тоа само се залажувате дека правите нешто а не правите ништо. Доколку така вежбате сигурно сте се запрашале како тоа да иако сте на фитнес по сат или сат и пол дневно а ги немате посакуваните резултати. Одговорот е дека не вежбате правилно.
САКАТЕ БРЗИ РЕЗУЛТАТИ
Како што се ближи летото многу луѓе посетуваат фитнес центри, вежбаат во теретани, изнајмуваат персонален тренер и се трудат да го извлечат максимумот од своето вежбање. Доколку правилно вежбате и здраво се храните брзо ќе ги постигните посакуваните резултати но немојте да очекувате чуда. Не надевајте се дека за два месеци активно вежбање ќе ги надохнадите десете месеци на неправилно вежбање и исхрана.
НЕПРАВИЛНА ИСХРАНА
Прво на што треба да обрните внимание е дали навистина правилно се храните. Исхраната е, со редовно вежбање, основа за добар изглед. Немојте да заборавите дека на организмот пред тренинг му е потребно основното гориво , а тоа се јаглeхидратите. Да би можеле да тренирате со полна пареа, а пред се со задоволство, немојте да јадете најмалку 2 сати прет тренинг. После вежбање треба да земате протеини за да ги наградите своите мускули за вложениот труд. Ако само вежбате а не се храните правилно мускулите ќе ви ослабат и ќе ја изгубат дефиницијата.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.