Текстотека

Супер храна за градење на мускули!

За да добиеме раст на мускулите правилото е дека треба да се фокусираме единствено на внесување голема количина протеини. Важна е балансираната исхрана, а за зајакнување на мускулите особено се значајни следните храни:


Јајца

Јајцата имаат релативно ниска енергетска вредност (75 калории по јајце), а истовремено ги содржат најквалитетните протеини кои може да се најдат во храната. Ги содржат и сите осум клучни аминокиселини, што ги ставаат во ред со најдобрите додатоци во исхраната наменета за раст на мускулната маса.

Лосос

Омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во повеќето масни риби, а најмногу во лососот, се одличен извор на здрави масти и му помагаат на телото да се опорави од напорното вежбање. Лососот е фантастичен извор на протеини и е многу значаен за физичката сила и изградба на мускулното ткиво.

Спанаќ

Витаминот К, калциумот и магнезиумот го прават спанаќот одлична храна за зајакнување на коските. Спанаќот содржи и многу антиоксиданси и флавоноиди, што значи дека помага во превенција на ракот на дојките, кожата и јајниците. Добар извор е и на витамините А и Ц, кои го зајакнуваат имунитетот за време на вежбањето.

Овес

Како комплексен карбохидрат, овесот најдобро е да се консумира наутро бидејќи енергијата постепено се отпушта во текот на денот. Овесот е полн со влакна, што значи дека помага во одржување на здрав дигестивен систем. Содржи фосфор и калциум, минерали кои ги зајакнувата коските, како и многу протеини кои го зајакнуваат метаболизмот.

Семки од тиква

Богати со протеини и монозаситени масти, овие семки се одличен избор за ужина или кога ќе посакате нешто да грицкате. Како вистинска хранлива бомба, тие содржат и високо ниво на магнезиум кој ги зајакнува коските, а помага и за одржување на здрав ритам на срцето, што е многу важно за време на вежбањето.

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.