Чудо од зеленчук
Брокулата е богата со огромна количина на Ц витамин – ја споредуваат со лимонот. Изобилува со минерали како што се калциум, калиум и магнезиум, преполна со фолна киселина ( одлично против стрес ).
Го смирува стомакот и е богата со целулоза која ја регулира работата на цревата. Присутноста на влакната околу 3% во голема количина го намалува ризикот од рак, посебно рак на дебелото црево.
Делотворната улога на нејзините влакна е поизразена и заради нејзиниот јаглехидратен состав кој има лаксативно својство. Најдобриот начин на приготвување е на пареа и тоа 6-8 мин. за да се задржи нејзината нутритивна вредност како и нејзиниот вкус.
Најдобриот начин на конзумирање се разбира е свежа или како салата.
Брокулата помага и во борба со срцеви заболувања, го подобрува видот, помага исто така и во борба против грип, настинки и бронхитис како и кај лицата со Паркинсонова болест и го подмладува целиот организам воопшто.
Сега е јасно зошто е наречена “кралица” на здравјето и зошто толку многу се препорачува. Богата со витамин Б помага и кај проблем со анемијата. Брокулата во себе ги носи сите главни антиоксиданси кои се наоѓаат во речиси сите други намирници заедно, некои од нив се: сурфолфан, кверцетин, бета-каротен…
Благодетот да се искористува нејзината антиоксидантна улога е под услов да се конзумира секојдневно и тоа свежа. Покрај сите овие позитивни страни си има и една контрадикторна, а тоа е дека не се препорачува кај лица кои имаат проблем со бубрезите или кои чистат камен во бубрегот.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.