Текстотека

ШТО СЕ СУПЕР СЕРИИ?

ШТО СЕ СУПЕР СЕРИИТЕ?

 Супер серии се ефикасен метод за изградба на мускулна маса, или дефиниција но, не се препрорачува на почетници, затоа што е преголем товар на мускулот и треба точно да се знае кој е нивниот ефект. Супер серија подразбира изведување на повеќе вежби едно подруго без одмор помеѓу нив.

 Обично се прават 2-3 вежби за засебен мускул , предноста е секако заштедата на време, зајакнување и растење/дефинирање на мускулите. Значи можат да се изведуваат во секој временски период, но под услов да не се претерува со серии нити со интензитетот на вежбите.

Тежината за секоја вежба се одредува предходно, за да не се прави пауза помеѓу вежбите, комбинацијата на мускулните групи исто така оди по сопствен план во зависност од тоа што имаме на распоредот за тој ден.