Текстотека

КАКО ДА ФОРМИРАТЕ “V“ ОБЛИК НА ВАШЕТО ТЕЛО

V обликот е естетски идеал за сите оние кои се занимаваат со изградба на нивното тело. Ако некој не знае што значи тој V облик и на кој дел од телото се однесува, најлесно е да се дефинира како силуета на трупот.

Она што го прави V обликот поизразен е односот на ширината на рамената и ширината на струкот. Колку се пошироки рамената, а помал струкот, толку V обликот ќе биде поизразен и подобар.

Постојат неколку фактори кои влијаат врз тој однос. Некои од нив се генетски наследени и врз нив не може да се влијае. Другите пак, се променливи и зависат од нас и од нашето знаење и труд кои ќе ги насочиме за подобрување на V обликот.

Вежби за “V“ облик:

  • вратило за грб
  • лат пулдаун со широк фат на лат машина
  • веслачки движења
  • стоечко веслање со шипка