Текстотека

КАФЕ И ТРЕНИРАЊЕ

КАКОВ ЕФЕКТ ИМА КАФЕТО ВО ОРГАНИЗМОТ?

Аденозинот претставува неуротрансмитер кој алармира за умор и успивање на клетките во мозокот, се со цел за подобар сон, меѓутоа оваа појава е честа кога нивоата на аденозин се на највисоко скалило веднаш после будење, се намалуваат за кратко, па повторно се зголемуваат со секој изминат час на будност и после оброк што трае до 2 часа, а тоа време како и состојба се баш и непожелни за оние кои посетуваат теретана.

Па затоа е тука коефионот во различни облици, од кој најчесто употребуван е кафето, кое набрзо после пиењето е усвоено од страна на телото во период од 30-45 минути. Кофеинот делува на нервниот централен систем, блокирајќи ги рецепторите на аденозин.

Откако рецепторите се блокирани, крвните садови се стеснуваат во мозокот и до него стигнуваат информации дека не чуствува умор, туку фокус и концентрација, со што се зголемува издржливоста на телото.

Кофеинот го зголемува нивото на адреналин, а сите знаеме што следи потоа. Знаеме дека кофеинот претставува стимуланс, па така не се препорачува конзумирање повеќе од 4-5 чаши, дел останува во телото околу 3-4 часа, а комплетно се исфрла од 5-9 часа.