Текстотека

КАКО ТРЕНИРАЛ Arnold Schwarzenegger?

Кога станува збор за неговиот сериозен пристап кон вежбањето, Arnold Schwarzenegger користи некои клучни принципи кои мора да бидат присутни во секоја програма која бара жртва и посветеност за постигнување на целта. Тврди дека секој има различен тип на тело, некои брзо, а некои бавно добиваат маса во мускули, иако тоа е делумно фактор кој зависи од гените на човекот, секој човек има различен индивидуален метаболизам итн.

Откако овие варијабили добро ги испитал и проценил, поставил и други фактори во неговиот тренинг:

 

Прогресивен отпор – Ако сакате да напредувате со вежбањето, да постигнувате повисоки нивоа во програмата за вежбање, тогаш мора да додадете тежина.

Точен опсег – Арнолд советува да се прават од 8 до 12 повторувања за горниот дел мускули на телото и 12 до 16 за долниот дел мускули од телото.

Долните мускули можат да издржат повеќе замор од горните, така што тие можат да се справат со повисок опсег на истегнување.

Обука за неуспех – Ова всушност не значи исцрпеност, туку значи обука до моментот кога не се чувстувате доволно силно и полно со енергија за да преминете на следното ниво.

Потребно е време за да се одморите доколку сакате следното повторување правилно да го изведете.

Квалитет на контракција – Важно е да се знае дека добивањето во тежина е средство за стимулирање на мускулите, а со цел да се изврши оваа стимулација потребно е да се изолираат мускулите ефикасно. Секој мусклул поднесува различна тежина, па во однос на тоа квалитетот на контракцијата зависи од тежината на мускулот.

Тешки денови – На почетокот од својата обука, Шварценегер поминал многу време обидувајќи се да добие силна мусклуна маса. Како што напредувал, сфатил дека ако сака да остане на врвот ќе треба да се фокусира токму на мускулната маса. Тоа го постигнува со тотална изолација и со многу вежбање.

Токму овие денови кои ги поминувал изолиран ги нарекол тешки денови, со оглед на животот кој го води, веруваме дека навистина му претставуваат тешки денови.

Опоравување – Последниот принцип од програмата на Arnold Schwarzenegger е опоравувањето. Тоа е различно кај секоја мускулна група, односно сите мускули различно се опоравуваат. Пример, бицепсите имаат најбрзо опоравување после долгото вежбање, а додека мускулите како грбот бараат повеќе време.

Ако сте решиле да вежбате исто како Арнолд, еве како треба да ги организирате вашите денови:

 

Прв ден – Гради и грб (горен дел)

Втор ден– Рамена, бицепс и трицепс

Трет ден – Нозе, листови и долен дел на грбот