Текстотека

MEД И ЦИМЕТ РЕЦЕПТ ПРОТИВ НАСТИНКА

Со само два потези и со само две клучни, едноставни и здрави состојки, можете да се ослободите од настинката во само два дена. Решението се крие во вашата кујна и време е да го испробате овој едноставен и вкусен рецепт.

Медот и Циметот се одлични против настинка!

Благодетите од медот ви се добро познати, додека циметот се смета за еден од најздравите зачини. Но комбинацијата на овие две состојки е навистина одлична, особено кога станува збор за настинка.

Овој рецепт го зајакнува имунитетот и помага при умор, хронично кашлање и настинка, ја негува слузницата и ги чисти синусите. Двете состојки делуваат антивирусно, антибактериски и против воспаление, како и против разни облици на инфекции.

Состојки:

1 лажица мед

2 лажички цимет

Приготвување:

Во еден децилитар млака вода промешајте го медот и циметот, целата смеса мешајте ја се додека медот не се растопи. Напитокот пиете го два пати дневно, за подобри резултати конзумирајте го три дена по ред. Наздравје!