Текстотека

Естроген

Естрогенот е хормон произведен од страна на двата пола, а кај жените е одговорен за развој на женските сексуални карактеристики и репродуктивниот систем. Така наречената храна богата со естроген не го содржи истиот природен естроген кој се наоѓа во човечкото тело,  туку фитоестрогени (активна состојка богата со естроген ) или естроген како соединенија. Откако ќе ги внесеме, овие фитоестрогени можат да помогнат да се создаде природен естроген, кој пак може да помогне во рамнотежата на хормоналниот систем на телото.

Фитоестрогените претставуваат хемиски соединенија кои се пронајдени кај растенијата најчесто се среќаваат кај гравот, мешункастите плодови, житариците овошјето и зеленчукот.  Иако фитоестрогенот е многу послаб од природниот естроген, тој сепак предизвикува позитивна реакција – забрзување на циркулацијата на крвта.

Според повеќето научни истражувања, постои силен доказ дека без разлика на време траењето на диетата која вклучува фитоестроген има позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Пост – менупазниот период, жените го искористуваат за внесување на естроген преку квалитетна храна богата со естрогенска содржина, а некои пак се решаваат за естрогенска терапија (која во секој случај е поткрепена од храна богата со естроген) која понекогаш резултира со несакани ефекти. Оваа храна е позната по тоа што претставува олеснителна околност на несаканите симптоми кои ги опфаќа менопаузата (топлотни удари и несоница).  Храна која содржи фитоестроген исто така помага во заштитата од хормонските болести (рак на дојката, простатата, дебелото црево) како и кај остеопорозата и кардиоваскуларните заболувања.

Содржината на фитоестрогенското ниво во храната не зави само од генетскиот состав на растенијата, тука се јавуваат повеќе фактори,  земјоделските и еколошките услови во кои се одгледуваат растенијата, низ каков процес поминуваат во текот на обработката, како и каде се складираат!

Постојат повеќе видови на храна која е богата со фитоестроген и тоа : соја, ленено семе,  ‘рж, леќа, грав, јаболка, цвекло, целер, магдонос, брокула, карфиол, краставици, моркови, печурки, маслинки, сончоглед, семки од тиква, цреши, сливи, круши, домати и овес.

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист