Текстотека

Декстроза

Декстрозата или гроздовиот шеќер претставува вреден извор на енергија. Сите други јагленохидрати, најпрво мора да се доведат до форма на гликоза пред да се искористат во организмот за енергетски потреби.

Со оваа трансформација се губи време и енергија, па на организмот му останува многу помал износ за потребите. Ова е причина зошто е декстрозата најдобра форма на внесување во организмот прости шеќери за спортистите кои имаат многу поголеми потреби од просечните луѓе. Со внесување на потребната количина на овај продукт многу брзо се пополнуваат енергетските резерви, се прекинува забрзаната разградба на мускулното ткиво после физички напор и помага за подобро искористување на протеинот.

Можи да се користи со вода пред, за време и после тренинг, а при тоа да не ги оптеретувате органите за варење (бидејќи и не се ни вари).

На неговиот транспортен систем  можи да се базира и внесувањето на креатинот и аминокиселините заедно со декстрозата за максимални анаболични ефекти после тренинг.

 

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист