Текстотека

Подобра мускулна дефиниција со помош на супер серии!

Супер сериите се ефикасен метод за изградба на мускулна маса или дефиниција , не се препрорачува на почетници, затоа што е преголем товар на мускулот и треба точно да се знае кој е нивниот ефект.

Супер серија подразбира изведување на повеќе вежби едно подруго без одмор помеѓу нив. Обично се прават 2-3 вежби за истиот мускул или два различни мускули, предноста е секако заштедата на време, зајакнување и растење/дефинирање на мускулите.

Супер сериите се фантастичен начин за да се направи многу работа во многу краток временски период. Додека во почетокот може да ви биде тешко да ги користите истите количини на тежини кои обично ги користите, вашиот кардиоваскуларен систем ќе се навикне на зголемениот обем на работа, а потоа вашата сила ќе се врати назад.

Значи можат да се изведуваат во секој временски период, но под услов да не се претерува со серии нити со интензитетот на вежбите. Тежината за секоја вежба се одредува предходно, за да не се прави пауза помеѓу вежбите, комбинацијата на мускулните групи исто така оди по сопствен план во зависност од тоа што имаме на распоредот за тој ден.

Тренинзите со супер серии се доста напорни и потребна ви е и добра суплементација за да можете да го издржите тој напорен тренинг, за таа цел ние ви го препорачуваме Pump Kick од Sport Definition

https://hardcoreshop.mk/shop/pump-kick-450-g/

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.