Суплементи, Текстотека

Суплементи за здраво срце

 

Омега 3 масни киселини и Коензим Q10!

Здравото срце значи и чисти артерии од лошиот холестерол кој што може да предизвика згрутчување на крвта и да доведе до срцеви заболувања.
Некои суплементи можат да го намалат холестеролот и со тоа да придонесат до поздраво срце.

Омега 3 масните киселини ги намалуваат триглицеридите и мастите кои што предизвикуваат тромби (згрутчувања на крвта) и можат да ги намалат срцевите проблеми и смртноста.
Помагаат во намалувањето на крвниот притисок.

Омега 3 масните киселини се од голема важност за развојот и функцијата на мозокот. Ги олеснуваат симптомите на АДХД синдромот. Истражувањата покажуваат дека депресијата се поретко се појавува во државите каде луѓето вклучуваат Омега 3 масни киселини во секојдневната исхрана.

Коензим Q10

Има улога на моќен антиоксиданс кој што го превенира оштетувањето на клетките од слободните радикали. Пациентите кои што имаат прележано срцев удар и кои што на дневна основа внесуваат коензим Q10, имаат помала веројатност за повторен срцев удар и болки во градите. Овој коензим може да го подобри производството на енергија во клетките како и да превенира формирање на тромб.

Луѓето кои што имаат висок холестерол, по однос на коензимот Q10 имаат помали вредности од нормалните, па во однос на тоа се препорачува земање на коензимот Q10 како суплемент во исхраната. Овој коензим исто така може да го подобри нивото на шеќерот во крвта и крвниот притисок кај пациентите со дијабетес.

Линк до производите:

Super Omega 3 120caps x 1400mg

Omega 3 + Q10 60caps