Суплементи, Текстотека

Производи кои ќе ви помогнат во заздравување на сврзните ткива

Имате болка во грбот, коленото, рамото…⬇️⬇️⬇️
Зглобот претставува поврзаност помеѓу две коски. Зглобовите и нивните околни структури ви дозволуваат да ги свиткате лактите и колената, да го свиткате грбот, да ја свртите главата и слично. Мазните ткива наречени рскавици и синовијална течност служат како „перниче„ на зглобовите, така што спречуваат триење со коските.
Но, како што старееме, при повреди или при зголемена телесна тежина, доаѓа до истрошување на рскавицата, а ова може да доведе и до оштетување на зглобовите, како и до артритис.
Еве неколку совети за добро здравје на зглобовите.
Вежбањето може да ви помогне да изгубите вишок килограми и да одржите здрава телесна тежина, која нема да го оптеретува вашите зглобови.
Како што знаеме долготрајно лежење, намалена подвижност, подолго време седење пред компјутер се едни од ризик факторите за појава на болка во зглобовите.
Помало движење значи поголема вкочанетост во зглобовите.
Затоа бидете активни, често менувајте позиции доколку сте приморани да седите.
Многу луѓе земаат суплементи за поддршка на здравјето на зглобовите.
Некои ги земаат за ублажување на моменталната болка, додека пак, други ги земаат за да спречат болка.
Повеќето додатоци делуваат на принцип на намалување на воспалението или заштита на рскавицата, која што со тек на време може да се намали.
Кога сме кај суплементи, еден од најзначајните е глукозаминот, како природна компонента на рскавицата, супстанца што спречува коските да се тријат едни со други и да предизвикаат болка и воспаление. Исто така, може да помогне во спречување на распаѓање на рскавицата што најчесто се случува при артритис. Постојат два вида глукозамин: глукозамин сулфат и глукозамин хидрохлорид.
Кога се зема подолг временски период, глукозамин сулфатот може да ја забави прогресијата на остеоартритисот.
Друг важна состојка е хондроитинот, пак (составен дел на ‘рскавицата), може да помогне во спречување на распаѓање на на рскавицата при артроза, како и да ја намали болката во зглобовите и вкочанетоста кај луѓето со остеоартритис.
Во суплементите за здрави зглобови, често се комбинираат хондроитин со глукозамин.
Тука можеме да ја спомнеме и куркумата, чии ефекти се припишуваат на хемиско соединение во куркумата наречено куркумин. Како други суплементи што помагаат при болка во зглобовите, можеме да ги споменеме и босвелијата (индиски темјан), екстракт од масла од авокадо и лен, рибино масло (кое содржи�омега-3 масни киселини), метилсулфонилметан (МСМ).
MСМ(Methylsulfonylmethane) пак е сулфурно соединение кое природно е присутно во многу мали количини во овошјето, зеленчукот, зрната, производи од животинско потекло и некои алги. Најчесто се среќава во свежата храна, но при готвењето на храната количината на MSM значително се намалува.
Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM, во неговата улога во циклусот на сулфур во телото, помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ʼрскавица и кожата.
Universal Animal Flex е мешавина од претходноспоменатите и добро познати состојки за поддршка на зглобовите како што се глукозамин, хондроитин и МСМ со некои масни киселини дизајнирани да го подобрат подмачкувањето на зглобовите.
Заклучок:
За да не стигнете до повреда треба обратите внимание на подобро загревање и рехабилитација…Од друга страна за да ги зачувате зглобовите потребна е физичка активност која пак во бодибилдинг светот често е проследена со многу повторливи движења под големо оптоварување и нормално е телото на крајот да подлегне на болки…Но и во случаи кога возраста и оптоварувањето предизвикуваат расипување на зглобовите поради недоволна поддршка за хранливи материи, тука е Animal Flex.
ANIMAL FLEX 44 ПАКУВАЊА
Во едно пакетче добивате:
✅Витамински комплекс
👉Витамин Ц (како аскорбинска киселина)
👉Витамин Е (како Д-алфа токоферол сукцинат)100 мг
333%*
👉Цинк (како цинк оксид)15 мг
100%*
👉Селен (како натриум селенит)70 mcg
100%*
👉Манган (како манган сулфат) 1 мг
50%*
✅Заеднички градежен комплекс
3000 мг:
👉Глукозамин (како HCL, сулфат 2KCI)
👉(MSM) метилсулфонилметан
👉Хондроитин сулфат А (CSA), хондроитин сулфат C (CSC)
✅Комплекс за подмачкување на зглобовите
1000 мг:
👉Масло од ленено семе (50% алфа линоленска киселина)
👉Комерцијална мешавина на цетил миристолеат, (цетил миристолеаст**, цетил миристат**, цетил палмитат**, цетил лаурат**, цетил палмитолеат**, цетил олеат**)
👉Хијалуронска киселина
✅Комплекс за заедничка поддршка
1000 мг:
👉Екстракт од корен од ѓумбир (ѓумбир, шогаол),
👉корен од куркума (куркумин)
👉босвелија (смола) (босвелна киселина),
👉кверцетин
👉бромелаин
Текстот го подготви Христина Марковска