Дали треба да јадеме путер од кикири и зошто се плашиме од неговата енергетска вредност?!
Путерот од кикиритки прв го создал еден американски фармацевт во 1884 год како додаток за неговите постари пациенти.
Поради големото количество протеини погоден е за исхрана на стари луѓе кои поради проблеми со забите не се во можност да џвакаат месо и јаткасти плодови за на тој начин да внесуваат протеини и здрави масти.
Организмот не може сам да произведе есенцијални масни киселини дури и кога има од што. Затоа е важно да се јадат намирници кои ги содржат а една од нив е путерот од кикирики.
Заситените и не заситените масти во путерот се во ист сооднос како и во маслиновото масло.
Се работи за здрави масти кои го чуваат срцето и кардиоваскуларниот систем.
Покрај мастите и протеинот, богатството од влакна, значителната количина на калиум и минерали ( вит Е, вит Б6, значителна количина магнезиум и цинк), путерот е препорачлива намирници која треба да се има секојдневно на менито.
Две лажици путер од кикирики дневно ке ја намали потребата за храна и празни калории кои дебелеат.
Некој ке рече 600 калории на сто грама ти е како едно чоколадо, но тоа не се празни калории како од чоколадото.
Тоа се калории од здрави масти, протеини и влакна чија комбинација ке ве држи сити подолго време.
Проблемот не е во путер две лажички дневно, проблемот е во тоа што е премногу вкусен па ке не натера да посегнеме по уште една уште една… Е тука е нашата сила и дисциплина а путерот си е совршена намирница.
Секако ако е 100% од кикири, без доданено палмино масло, шекер и сол.
https://hardcoreshop.mk/shop/creamy-peanut-butter-950-gr/
100% Природен Путер од Кикири
450гр-220мкд
950гр-390мкд
Без додадени адитиви, без шекер, без сол и без палмино масло
100% ПРИРОДНО
Текстот го подготви Христина Марковска Хардкор Шоп